Марк Твен

30 ноември 1835 – 21 април 1910
Семјуел Клеменс, познат како Марк Твен е американски автор и хуморист, кој се здобил со меѓународна слава со своите романи Авантурите на Том Соер и продолжението Авантурите на Хаклбери Фин. Твен израснал во Ханибал, Мисури, средина што претставува основа за овие два романа, како и за многу од неговите раскази. Откако работел како приправник во печатница, почнал да пишува написи во весникот на својот постар брат, Орион Клеменс. Подоцна станува капетан на параброд на реката Мисисипи. Неговите досетки и сатира, како во пишувањата така и во секојдневните разговори, предизвикале многу позитивни критики меѓу критичарите и меѓу неговите современици. Го нарекуваат „најголемиот американски хуморист на своето време“, а Вилијам Фокнер го нарекува Твен „татко на американската литература“.